Рускиот претседтел Владимир Путин му ја честиташе на Џо Бајден победата на претседателските избори од 3-ти ноември, откако во електорскиот колегиум потврди дека демократскиот кандидат освоил 306 електорски гласови, наспроти 232 за актуелниот републикански претседател Доналд Трамп.
Од моја страна, подготвен сум за соработка и контакти со вас, истакнува Путин, меѓу другото, во телеграмата со честитките до Бајден. Путин му посака успех на избраниот претседател и изрази уверување дека Русија и САД, кои имаат посебна одговорност за глобалната безбедност и стабилност, и покрај разликите, можат навистина да помогнат во решавањето на многуте проблеми и предизвици со кои се соочува светот, соопшти Кремљ, цитирајќи ја изјавата на Путин.
Comments are closed for this post.