Рускиот патријарх Кирил служеше полноќна Велигденска литургија во Храмот на Христос Спасителот во Москва, на која присуствуваа и рускиот претседател и премиер Владимир Путин и Дмитриј Медведев.

Патријархот Кирил нагласи дека Велигден е најголемиот христијански празник кој ја симболизира победата на животот над смртта, пренесе агенцијата „Тасс“.

„Човековата култура стравува од она што нè очекува од другата страна на земниот живот, односно од што ќе ни се случи по смртта. Тоа сè уште е тајна и нерешено прашање за неверниците. Сепак, ние христијаните не се плашиме од одговорот, бидејќи ја славиме победата на Христа над смртта“, рече патријархот Кирил во обраќањето кон верниците.