Поранешниот каталонски претседател Карлос Пуџдемон, кој живее во егзил во Белгија, ќе биде водечки кандидат на партијата Заедно за Каталонија на изборите за Европскиот парламент во мај, соопшти денеска партијата.

Ова е момент да направиме уште еден чекор кон интернационализација на правото за самоопределување на Каталонија, од срцето на Европа кон светот, напиша Пуџдемон на Твитер.

Пуџдемон и уште петмина поранешни каталонски лидери се во егзил во европски земји и ќе бидат уапсени доколку се вратат впо Шпанија.