Миса ќе биде одржана во париската катедрала Нотр Дам во викендот кој следи, по прв пат по катастрофалниот априлски пожар, изјавија црковните власти.

Мисата ќе биде отслужена од архиепископот на Париз, каде бројот на присутните ќе биде ограничен поради безбедносни мерки на околу дваесетина лица, меѓу кои свештеници од катедралата, која беше уништена од голем пожар на 15 април.

„Ќе биде емитуван телевизиски пренос од мисата, со цел да го следат католичките верници, појасни Париската епархија.

Од епархијата очекуват одговор од градските власти дали плоштадот пред катедралата ќе биде достапен за посетители.