Под велот на мистеријата е убиството на платениот убиец на картелот на Ел Чапо, таканаречената „Ким Кардашјан на организраниот криминал“, која е пронајдена мртва во нејзиното љубовно гнездо.

Се верува дека Клаудија Очоа Феликс (35) беше на чело на групата за егзекуции на Синалоа картелот, кој беше под команда на Жоаким „Ел Чапо“ Гузман се до испорачувањето во САД.

Феликс беше пронајдена мртва во градот Кулиакан во севрозападно Мексико. Локалните медиуми јавуваат дека станува збор за пулмонални проблеми. Нејасно е дали Феликс нешто вдишала по што се здушила, или пак е пронајден некој предмет во нејзините дишни патишта.

Таа вечерта била во еден локален клуб и се вратила во куќата на нејзиниот љубовник. Тој се обидел да ја разбуди, по што ја алармирал полицијата.

Нејзиното тело е дадено на обдукција.

Феликс работела како модел и имала врска со еден од замениците на Ел Чапо познат како „Ел Чино Антракс“. Зад себе остави три деца.