Внуката на Роберт Ф.Кенеди е пронајдена мртва во семејната викендица во Масачусетс. Причина за смртта на Серша Кенеди е предозираност и депресија.

22 годишнaта Серша била во куќата на бабата Етел која има 91 година, соругата на Роберт кој беше убиен во 1968 година. Таа активно беше вклучена во политиката на Демократската партија. Нејзината мајка беше една од 11-те деца на Етел и Роберт Кенеди.

Со нејзината смрт продолжи проклетството на фамилијата Кенеди во изминатитве 50 година кога загинаа барем десетмина членови.