Во првите шест месеци од годинава загубите во светот предизвикани од природни непогоди и од катастрофи предизвикани од човечки фактор изнесуваат 44 милијарди долари, соопшти швајцарската компанија за реосигурување „Свис Ре“.
Во тој период, најмалку 5.000 луѓе во светот го загубиле животот во непогоди.
Осигурителните компании покриле 19 милијарди долари од загубите, со оглед дека биле осигурани само 42 отсто од вкупните загуби.
Според извештајот на швајцарската компанија се појаснува дека 40 милијарди од штетите биле предизвикани од природни катастрофи предизвикана, додека човечкиот фактор бил одговорен за преостанатата штета, во износ од четири милијарди долари.
Comments are closed for this post.