Девет Кинези и осум Украинци биле киднапирани од непознати напаѓачи коишто нападнале два брода во пристаништето „Дуала“ во Камерун. Едниот од бродовите припаѓал на данска, а другиот на германска компанија.

Врз основа на расположливите информации, на 15 август, во подрчајето на пристаништето Дуала во Камерун непознати лица го нападнале товарниот брод „Мармалајта“ на данската компанија „Ултрабалк“, што пловел под знамето на Антигва и Барбуда – соопшти камерунското Министерство за внатрешни работи, а пренесе Тасс.

Тројца од киднапираните морнари имале руско државјанство, поради што руските дипломати соработуваат со камерунската Влада и данската поморска компанија за да овозможат брзо ослободување на грабнатите морнари.

Се води истрага за тоа како дошло до нападот, а се претпоставува дека напаѓачите се нигериски гусари.

Заливиот на Гвинеа, чиј брег се простира во широк лак од Либерија до Габон е злогласен поради пиратство, како и кражби на нафта, нелегално рибарење и трговија со луѓе и наркотици. Тоа особено важи за појасот во близина на брегот на Нигерија, Гвинеја, Того, Бенин и Камерун. Во последните неколку години овој залив стана најголем епицентар на пиратството во светот,. Така, од вкупно 75 киднапирани морнари во првата половина од годинава, 62 биле грабнати во овој залив.

Една од причините за широко распространетото пиратство во заливот е тоа што 17 држави што гравитираат кон заливот имаат лимитирани можности за надзор и капацитети за крајбрежна контрола.