Студентот Владислав Рослјаков, кој беше посочен дека го извршил масакрот во Техничкото училиште Керч на Крим и уби 19 лица и рани околу 80, а потоа извршил самоубиство, се јави дека е жив и здрав.
Се појави снимка на ЈуТјуб во која Владислав демантира дека има било каква врска со нападот.
Медиумите ме прогласија за терорист. Објавија моја фотографија, од мојот профил, иако немам никаква врска со тоа, вели тој.
Руските медиуми подоцна објавија дека тој дури и не е студент во Политехничкото училиште Керч, но и дека неговото вистинско име е Владислав Дивиза.
Не разбирам што се случува. Има многу луѓе кои ќе посведочат дека тоа не сум јас, јас бев во училиште од 9:00 до 12:30 часот, постојат записи во дневник и на камерите бев таму. Ова се глупости. Се плашам дека сега може да ме убијат на улица, рекол тинејџерот.
Истражниот комитет на Русија објави дека случајот ќе го води како убиство, а не како тероризам како што првично беше соопштено.
Comments are closed for this post.