Шведскиот премиер, Штефан Ловен, ја загуби позицијата, откако парламентот на оваа скандинавска земја му изгласа недоверба. За негово останување на функцијата гласа 142 пратеници од левицата, но тоа не беше доволно, но поборјни од нив беа 204 претаставници на десноцентристичките партии и екстремистичката антимигрантска партија Шведски демократи кои гласаа „против“.
Гласањето доверба на актуелниот премиер во Парламентот е задолжително по одржувањето парламентарни избори во Шведска. Согласно законот, гласањето се спроведува најдоцна во рок од две недели по конститутивната седница на новиот состав на Парламентот, која се одржа вчера.
На изборите во Шведска на 9 септември левоцентристичкиот владејачки блок на Ловен освои 144 места, а десноцентристичката опозициска Алијанса 143 места во 349-члениот Парламент.
Со ваквиот распоред на силите, партијата Шведски демократи, која има 62 пратеници, ќе има клучна улога во формирањето на новата влада по изгласаната недоверба на Ловен.
Comments are closed for this post.