Расте бројот на мртви во разорниот пожар во Калифорнија, а до сега порасна на 25, пренесуваат светските медиуми.
Речиси целиот севернокалифорниски град Парадајс од 27 000 жители е уништен, а неколку пожари и понатаму горат на некои места.
Спасувачите вчера ги пронашле телата на 14 лица кои загинале во најразорниот пожар што некогаш е забележен во Калифорнија”, изјави Кори Хониа ,шериф на округот Бјут, кој се наоѓа градот Парадајс со 27.000 жители, северно од Сакраменто, главниот град на Калифорнија.
На 10 километи околу Парадајс било затемнето со дим, а сонцето тешко се гледало. Донесен е дополнителен тим за потрага по настаданите, а канцеларијата во овој округ има пријави за уште 110 исчезнати луѓе.
Пронајдените тела се уште не се идентификувани, а тоа ќе биде направено преку ДНК анализа, затоа што во некои случаи се пронајдени само коски.
Во пожарот се изгорени повеќе од 6 700 згради.
Пожарот во Северна Каролина се проширил на 425 квадрани километри, а пожарникарите успеале само делумно да го спречат. До сега борбата против пожарот чини 8, 1 милион долари, информираа надлежните.
Два големи пожари има во Јужна Каролина, загрозувајќи ги домовите на многу познати личности, како и летувалиштето Малибу.
Цел град Малиби, каде живеат познати холивудски sвезди, доби наредба да се евакуира.
Надлежните оценуваат дека повеќе од 200 000 луѓе морало да ги напуштат домовите во Калифорнија поради пожарот.
Comments are closed for this post.