Откако вчера 287.000 лица протестираа во Франција поради покачувањето на цените на горивото, автопатиштата во земјата утрово, во знак на протест, повторно се блокирани на околу 40 места.

Француската Влада утрово порача дека нема да ја менува нејзината фискална и еколошка политика и покрај демонстрациите.

Во вчерашните протести во Франција повредени се над 400 лица, од кои 14 се во критична состојба. Меѓу повредените има и полицајци и пожарникари.

Француската полиција привела 282 демонстранти.