Повеќе од половина од населението во Германија е подготвено да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус „Спутник V“, пренесува весникот „Ханделсблат“, повикувајќи се на истражување на агенцијата „Југов“.

Според истражувањето, 55% од испитаниците изразиле подготвеност да се вакцинираат со руската вакцина кога ќе регистрирана во Европската унија. Други 19 проценти рекле дека ќе ја отфрлат таквата можност, 14 проценти биле неопределени, а 12 проценти рекле дека генерално не сакаат да се вакцинираат. При тоа, во весникот не се дадени детали за бројот на учесници во истражувањето и времето на неговото спроведување.

На почетокот на март, истражувањето на компанијата „Форса“ за медиумската група „РТЛ“ покажа дека 57 проценти од граѓаните се подготвени да се вакцинираат со вакцината „Спутник V“, додека во февруарското истражување 45 проценти од испитаниците изразиle такво мислење.

Во средата, баварското Министерство за здравство потпиша меморандум за намери со Рускиот фонд за директни инвестиции за можни испораки на вакцината Спутник V во овој германски регион. Според зборовите на баварскиот премиер Маркус Зодер, доколку вакцината е регистрирана, Баварија во јули може да добие до 2,5 милиони дози. За една година, во Баварија може да започне производството на вакцината во фабриката „Р-Фарм Германија“, рекол министерот за здравство, Клаус Холетчек.

После тоа, неколку други сојузни држави изразиле подготвеност да ја набават руската вакцина. Мекленбург-Западна Померанија и Бранденбург најавија подготвеност да започнат преговори со Москва за набавка и производство на вакцини, а во Рајна-Фалз сметаат дека сојузната влада треба да се занимава со тоа, но забележуваат дека би биле задоволни доколку ЕМА ја одобри „Спутник V“.