Според веб-страницата Worldometer, во светот повеќе од 118 милиони луѓе се заразени со коронавирус.

Само денес, бројот на случаи во светот е зголемен за нешто повеќе од 254.000, а најмногу заразени се регистрирани во САД, 27.268. Според бројот на нови случаи, следат Франција со 23.302 случаи, Италија со скоро 20.000, Индија со 16.846, Турција со 13.755…

Најмногу заразени во светот има во Соединетите држави, скоро 30 милиони, по што следат Индија и Бразил со повеќе од 11 милиони заразени со ковид-19.

Русија е рангирана на четвртото место во светот и прва во Европа со 4,3 милиони заразени, по што следува Велика Британија со 4,2 милиони, потоа Франција со 3,9 милиони, Шпанија и Италија со повеќе од 3,1 милиони заразени.