Поранешниот претседател на Египет, Мухамед Морси, почина како последица на срцев удар во 69 година, јави државната телевизија на Египет.

Како што се наведува, на Морси му се слошило и починал во еден од египетските судови. Светските медиуми наведуваат дека Морси доживеал срцев удар, по што се онесвестил.


Телото на 69 годишниот поранешен претседател е префрлено во болница, пренсува АП.

Морси потекнува од сега забранетото Муслиманско братство и избран е за претседател во 2012 година наследувајќи го Хосни Мубарак, во првите слободни избори во Египет.

Беше петти претседател на Египет, но во 2013 година симнат е од власт со државен удар на чие чело беше генералот на египетската армија Абдел Фатах ел-Сиси.

Против Морси се водеше судски процес за корупција и злоупотреба на власта.