Холандија е позната по нејзините восхитувачки пејсажи, лалињата, ветерниците и либералните закони во однос на канабисот, што се причини за 19 милиони туристи секоја година да ја преплавуваат земјата за да ги искусат холандските доживувања. Таа бројка секоја година расте се повеќе и повеќе, па така, процен ките велат дека бројот на странски туристи во земјата до 2030 година ќе порасне до 29 милиони.
Поради таквиот наплив на туристи што доаѓаат во Холандија, властите одлучија да преземат активности да ја забранат промоцијата на Амстердам и на другите популарни области и наместо тоа, да се фокусираат со управувањето на најпознатите туристички дестинации.
За да го контролираме бранот на посетители и да ги промовираме можностите што ги нуди туризмот мораме да делуваме веднаш. Наместо да ги промовираме туристичките дестинации, време е да почнеме да ги менаџираме – се наведува во еден стратешки документ подготвен од властите.
Како дел од тој документ се предвидува наместо да се информираат туристите за добро познатите области, да бидат промовиранипомалите места како Ајндховен дистриктот на езерата, Фризланд.
Дел од мотивацијата за развивањето на овој план е тоа што кај дел од атракциите, како што се полињата со лалиња, има негодување од фармерите, коишто се бунат дека посетителите ги кинат цвекињата. Големи проблеми се создадоа и во Градината Којкенхолф и во Киндердијк, дистриктот на ветерниците, каде што за време на Велигден имаше толку многу посетители, што настана целосна блокада на патиштата.
За локалните жители и сопственици на фирми ситуацијата стана целосно неприфатлива – изјави директорот на Којкеноф, Барт Семеринк.
Comments are closed for this post.