Последното печатено издание на венцуелскиот дневен весник „Панорама” беше објавено вчера. Весникот згасна поради недостатокот на хартија и тој се придружи на голем број други венецуелски публикации, кои сега се достапни само на интернет.
Се обидовме да го продолжиме постоењето на нашата хартиена верзија, но и покрај сите напори што ги вложуваме, денеска со тешко срце ви го нудиме последното печатено издание, објасни администрацијата на „Панорама“, најстариот весник во Зулија, држава во западна Венецуела богата со нафта.
Весникот Панорама, кој е основан пред 104 години, се сметаше дека е политички независен и беше единствената печатена публикација во државата Зулија, бидејќи сите други дневни, неделни и месечни весници веќе ставија клуч во брава.
Comments are closed for this post.