Најмалку 68 луѓе загинаа, а илјадници се евакуирани од нивните домови поради поплавите и свлечиштата на индонезискиот остров Сулавези, соопштија локалните претставници.


Евакуирани се околу 6.700 лица, коишто се сместени во привремени засолништа.

Во областа Гова, која е најтешко погодена, регистрирани се најмалку 45 смртни случаи.