Почина бахреинскиот шеик Калифа бин Салман ал-Калифа, најдолговечниот премиер на светот и сојузник на Саудиска Арабија и на САД, објави во средата кралската палата.
Шеикот Калифа, доминанта личност во политиките во Персискиот залив речиси половина век, починал во средата утрото во болницата „Mayo Clinic“ во САД, објави бахреинската државна новинска агенција.
Осумдесет и четиригодишниот ал-Калифа, вујко на кралот Хамад бин Иса ал-Калифа, служеше како премиер откако ова островско кралство водено од сунтиските муслимани прогласи независност од Велика Британија во 1971 година. Семејството ал-Калифа на власт во Бахреин инаку е од 1783 година.
Бахреин е цврст регионален сојузник на САД, и таму е сместена главната база на Петтата флота на американската воена морнарица.
Остриот одговор на ал-Калифа на протестите во Бахреин со кои се бараше повеќе демократија во 2011 година и неговата критика на сличните безредија во арапскиот свет истата година во бунтовите познати како „Арапска пролет“ кога беа соборени повеќедецениските авторитарни водачи во Тунис, Либија и Египет, го истакнаа она што многумина го наведуваат како главно обележје на неговата политичка кариера. Поточна, цврстата одбрана на династичкото владеење.
Шеикот Калифа во август отпатува од Бахреин, а официјалните медиуми тогаш објавија дека заминал во „приватна посета во странство“. На почетокот од годинава беше на лекување во Германија, но не беше наведено за какво станувало збор, а потоа во март се врати во Бахреин.
Ал-Калифа ќе биде погребан во кругот на семејството, објави државната новинска агенција. Прогласена е седумдневна жалост, а владините министертва и агенции ќе бидат затворени од четвртокот во следните три дена.
Comments are closed for this post.