Од еден милион Израелци вакцинирани против коронавирус досега, на 240 им е дијагностициран вирусот неколку дена по добивањето на вакцината, пренесува израелскиот „Ченел 13“.
Според израелската телевизија, бројот ја истакнува потребата луѓето да продолжат да се штитат од вирусот бидејќи на телото му треба време да ги развие антителата потребни за борба против него.
Студиите за вакцината на „Фајзер“ покажаа дека имунитетот почнува да се јавува 8-10 дена по првата доза, па дури и тогаш имунитетот е само околу 50 отсто. Од таа причина, втората доза се дава 21 ден по првата.
Исто така е нејасно дали вакцината спречува лицето да го шири вирусот. Иако вакцинираниот поединец не би се разболел бидејќи имунолошкиот систем му бори против вирусот, неговата носна шуплина сè уште може да испушта честички од заразниот вирус.
Од милион вакцинирани во Израел, помалку од 20 луѓе пријавиле алергиски реакции на вакцината, вклучително и отекување на јазикот. Четири лица починаа неколку часа по примањето на вакцината, но според Министерството за здравство, нивната смрт не била поврзана со вакцинирањето.
Израел е на врвот во светот според стапката на вакцинација, со повеќе од 10 отсто вакцинирано население, што претставува оддавање почит на научната експертиза на земјата.
Мухамед Абд ал-Вахаб Џабарин, 66-годишникот што премиерот Бенјамин Нетанјаху го прослави како милионити Израелец кој ја примил вакцината, во неделата беше идентификуван како осуденик кој издржал 14 години затвор за убиство.
Извештаите подоцна посочија дека канцеларијата на Нетанјаху најверојатно не била свесна за минатото на Џабарин и тој по случаен избор бил избран за милионити примател на вакцината од оние што чекале на клиниката.
извор: Makfax
Comments are closed for this post.