На главниот дописник на Си-Ен-Ен од Белата куќа му е укината акредитацијата откако се спречка со претседателот на САД Доналд Трамп за време на конференција за медиуми.
Кога новинарот Џим Акоста, кој е на глас дека е жесток заговорник на меинстрим медиумите, се обиде на Трамп да му постави прашање, една од стажантките во Белата куќа се обиде да му го одземе микрофонот.
Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс рече дека на Акоста акредитацијата му е укината затоа што во тој момент „ставил раце на младата девојка“.
— Johan (@jokloonk) November 8, 2018
Акоста одговори дека тоа се лаги, додека Трамп изјави дека новинарот на Си-Ен-Ен е „непристојна и грозна личност“.
Што се случило?
Акоста на Трамп му го постави прашањето околу караванот со мигранти кој од Латинска Америја тргна кон САД.
Comments are closed for this post.