Над 8.000 Американци се потпишале на петицијата, државата Монтана да и биде продадена на Канада за 1 трилион долари, соопшти Си-Ен-Ен. Потписниците сметаат дека американската држава, според економијата и населението, е бескорисна, а со парите ќе може да се покрие дел од надворешниот долг на САД проценет на 22 трилиони долари. Петицијата продолжува да се шири.
Жителите на Монтана се согласуваат со предлогот само да не плаќаат такси за промена на документите. Тие ги повикаа канадските власти со паролата „Да го сториме тоа. Ве молиме, примете не“. Според нив, присоединувањето кон Канада ќе им обезбеди подобар здравствен систем и поголема слобода. Бројот на жители на Монтана изнесува малку над еден милион луѓе.
Comments are closed for this post.