Најмалку пет луѓе загинале при рушење на трговски центар во изградба во северниот мексикански град Монтереј.

Локалната Служба за цивилна заштита соопшти дека спасувачките екипи од под урнатините извлекле две преживеани лица, како и дека уште најмалку 12 луѓе се водат како исчезнати.

Во акцијата за потрага по исчезнатите се вклучени околу 100 спасувачи.

Во моментот на несреќата на градилиштето на трикатниот трговски центар имало меѓу 20 и 25 луѓе.