На повидок е нов скандал на владата предводена од Зоран Заев. Еден од најбараните турски криминалци Седат Пекер кој во Македонија уживаше статус на ВИП личност а доби и македонски пасош на име Џадин Амедовски снабдувал со оружје борци во Сирија.
Конкретно, тој ја снабдувл со оружје облаата Бајирбучак во северозападна Сирија населена со Туркмени.
Бајирбучак е регион во областа Латакија во Сирија. Постои значително присуство на сириските Туркменистани во областа и имаат силни културни и историски врски со Турција.
Во текот на војната во Сирија, Пекер преку хуманитарни конвои тој испраќал камиони во Сирија кои биле наменети за исламските борци од Ал Нусра.
Тоа го признава и самиот Пекер во изјаваа што ја објави турскиот новинар Абдула Бозкурт,
Праќавме камиони со дронови, облека, куршуми и оружје, заштитни елеци и радио врски за Туркмените од Бајирбуцак но за сите борци во Сирија.Овие камиони одеа под името „помош од Седат Пекер“-вели Амедовски или Пекер.
Фронтот Ал-Нусра кој исто така примил од помошта од Пекер е попознат како Ал-Каеда од Сирија или Ал-Каеда во Левант е салафистичка џихадистичка организација.
Досега нема никаква најава од македонските власти дека ќе бараат поништување на македонскиот пасош на Пекер а во судската постапка беа осудени само полициските службеници кои ги издале пасошите на криминалците.
Comments are closed for this post.