Ѓраѓанското движење „Жолти елеци“ денеска повторно излезе на протести ширум Франција.
Главните собири се организирани пред зградите на градските собранија во Париз, Лион, Бордо, Тулуз, Ница, Безансон и Клермон-Феран.
Жолтите елеци обединети на Фејсбук под групата „Франција е бесна“ (La France en colere) која има околу 300.000 членови, наведоа дека на протестите ќе биде прочитано отворено писмо кое пред два дена е испратено на францускиот претседател Емануел Макрон.
Comments are closed for this post.