Папата Франциско ги осуди суровите напади во Шри Ланка и изрази најдлабока поврзаност со христијанската заедница која е погодена за време на молитва, како и со другите жртви.
„Со тага и болка ја примив веста за смртоносните напади кои се случија денеска на Велигден, донесоа жал и болка во црквите и другите места на кои се собраа луѓето во Шри Ланка“, изјави Папата, пренесе „Ројтерс“.
Во серијата експлозии кои потресоа цркви и луксузни хотели во Шри Ланка, според последните податоци загинаа и повредени се стотици луѓе.
Comments are closed for this post.