Евентуалното посредување на Ватикан во Венецуела бара одобрување од две страни, изјави синоќа поглаварот на Римокатоличката црква Франциско и додаде дека примил писмо од претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.
Почетните услови се такви што двете страни треба да бараат посредување, рече папата во авион при враќање од повеќедневната посета на Обединетите Арапски Емирати.
Според него, треба да се почне од можностите за дијалог и приближување на двете страни.
Папата рече дека примил писмо од Мадуро, но сѐ уште не го прочитал.
Ќе видам што може да направиме кога ќе го прочитам писмото, изјави папата Франциско.
Мадуро вчера изјави за италијански медиуми дека испратил писмо до папата, со кое од него бара помош и посредување.
Му испратив писмо на папата Францсиско. Му реков дека во служба на Христос и во тој дух, го замолив за помош во процесот на олеснување и јакнење на дијалогот, рече Мадуро, додавајќи дека побарал од Франциско да вложи најголеми напори и да помогне на патот кон дијалогот.
Comments are closed for this post.