Во деведесетите години Русите одлучиле сето богатство кое до тогаш се чувало на Кавказ да го префрлат во Москва, а српската компанија БК добила доверба да го гради трезорот каде ќе се чува богатството на Русија и поранешниот Советски Сојуз.

Главниот трезор на централната банка на Русија е меѓу најдобро чуваните објекти во светот која тешко можат да ја пробијат и најсовремените балистички ракети. Има 100 000 квадрати и 4 ката под земја, пишува српски Курир.

Изградбата чинела повеќе од милијарда долари,  повеќе од 300 милиони се вложени во опрема.

Не бевме најефтини, но на нив им беше најважно да ја одберат најдобрата понуда. Понудивме  наавистина најмодерна опрема и најквалитетни материјали кои ги донесовме од 17 различни држави. Користевме само најдобри материјали од целиот свет. Понудивме три вида заштита од пожар, хелиодром на кровот, а посебно сум горд што безбедносната опрема е работена во нашиот роден град Пеќ, вели Драгомир Кариќ.

Фото: БК
Фото: БК
Фото: БК
Фото: БК
Фото: БК