Специјалниот советник на американскиот претседател  Доналд Трамп, Фиона Хил, пред неколку денови допатува во Москва.

Иако било предвидено таа да се сретене со претседателот на Русија, Владимир Путин, до средба не дошло и таа се сретнала само со пониските челници од Кремљ.

Хил важи за голем противник на Путин, па дури и напиша книга со наслов „Шесте маски на Владимир Путин“. Важи за цврста рака на американската дипломатија и често изјавувала дека САД мораат да го срушат актуелниот претседател на Русија.