Верувале или не и Ангела Меркел има своја двојничка .Железната дама на ЕУ има своја замена која требаше да послужи за „недај боже“. Урсула Ванецки никогаш не ја запозна Ангела иако имаше голема желба.

Кога Меркел (67) ќе се повлече од својата функција следниот месец, истото планира да го стори и 65-годишната Ванецки.

Нејзиниот втор живот започна речиси случајно, без апсолутно никаков напор од нејзина страна.

Еднаш дури успеа да се најде и на насловни страница на списание за хомосексуални жени, во кое ја глумеше Меркел во интимен амбиент со друга жена.