Унгарскиот премиер Виктор Орбан се закани дека ќе ја повлече неговата владејачка партија Фидеш од конзервативниот блок на Европската народна партија (EPP) во Европскиот парламент, произлегува од посмото објавено во неделата.
Потпретседателката на унгарската Фидеш, Каталин Новак, го објави писмото на Twitter.
Виктор Орбан му пишал на Манферд Вебер, од германската Христијанско-демократската унија (CDU), кој ја води пратеничката група на EPP, која е најбројната во Европскиот парламент, дека Фидеш ќе си замине доколку конзервативниот блок реши да ги промени прописите, како што беше предложено во петокот.
Предложените промени би дозволола одредена групација односно партија да биде суспендирана или да биде исклучена од EPP со само 50 отсто од гласовите во некои случаи.
ЕPP, во чии редови, исто така, се наоѓа и конзервативната коалиција на CDU/CSU на германската канцеларка Ангела Меркел, неколку години се конфронтира со Фидеш. Членството на владејачката унгарска партија во EPP е суспендирано од 2018 година поради несогласувањето на владата во Будимпешта со одреден политики, во прв ред со имиграциските политики на технократскиот естаблишент во Брисел.
Меѓутоа, тоа сѐ уште не се однесува и на пратеничката група на EPP во Европскиот парламент во којашто Фидеш и натаму дејствува. Тоа би можело да се промени по гласањето во средата, кога ќе се одлучува за интерните прописи во EPP. Сузпензијата може да се случи во наредните седици, доколку Фидеш прв не се повлече. Меѓутоа, тоа може да предизвика и значително нарушување на влијанието на EPP во Европскиот парламент.
Менувањето на правилата би бодело до „правно проблематично суспендирање на нашите избрани пратеници во групата на EPP“, наведува во дописот на Орбан. „Доколку Фидеш не е добредојден, тогаш не се чувствуваме обврзани да останеме и во пратничката група“.
Comments are closed for this post.