Европската Унија е во состојба на распаѓање и доколку не се направат радикални промени, следниот седумгодишен буџет ќе биде последен за заедницата, рече Орбан.

„Верувам дека ЕУ сега влезе во состојба на распаѓање. И ако ова продолжи, а веројатноста за ова да се случи е многу голема, тогаш ЕУ ќе влезе во историјата како депресивен резултат на еден благороден експеримент“, рече Орбан.