САД, Велика Британија и Франција можно е да се соучесници во воени злосторства во Јемен преку вооружувањето и обезбедување разузнавачка и логистичка поддршка на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, се вели во денеска објавениот извештај на ОН.
Во него се потенцира дека таа коалиција како воена тактика користи изгладнување на цивилното население, пренесува Ал Џезаира.
Истражители од ОН составија таен список со 160 „главни актери“ осомничени за евентуални воени злосторства, врз основа на извештај за прекршувања во јеменскиот конфликт меѓу коалицијата на арапските држави и движењето Хути.
Истражителите идентификуваа можни злосторства од обете страни на конфликтот, притоа истакнувајќи ја улогата што западните земји ја играат како клучни поддржувачи на арапските земји и Иран како поддржувач на Хутите.
Во извештајот се обвинува коалицијата за убиство на цивили во воздушни напади и намерно лишување цивили од храна во услови кога популацијата во Јемен е погодена од глад.
Comments are closed for this post.