Тропската бура „Оливија“ ги погоди Хаваите и донесе обилни врнежи дожд и силни ветрови поради што се евакуирани неколку куќи на островот Мауи.
Оливија пред една недела беше со јачина на ураган, но до Хаваите ослабе на ниво на тропска бура.
Регистрирани се ветрови до 82 километри на час, а бурата корнела дрва и предизвикала прекин на електрична енергија во некои делови на Хаваите.
Метеоролозите предупредуваат дека и денеска ќе има обилни врнежи дожд, но градоначалникот на Мауи Алан Араква изрази надеж дека штетите кои ги нанесе бурата ќе бидат ограничени.
Comments are closed for this post.