Во околината на Пиза избил голем пожар поради кој биле евакуирани повеќе од 700 луѓе од околните села.

Во гасењето на пожарот учествуваат осумдесетина пожарникари и два авиони канадери, но поради силниот ветер четири хеликоптери се оневозможени да учествуваат во напорите за справување со огнената стихија.


Од снимките објавени на социјалните мрежи се гледа дека огнените јазици сериоозно ги загрозуваат населените места, во овој дел од италијанскиот регион Тоскана.


Во околината загрозена од пожарот се затворени училиштата, а евакуираните  жители се сместени во спортски сали во околните населени места.