Слично како во случајот со Моамер Ел Гадафи, непознато  каде завршија парите кои припаѓаа на ирачката банка по соборувањето на Садам Хусеин. Во 2003 година веднаш по влегувањето на американските трупи, локалните разбојници веќе наголемо ги празнеле трезорите на Централната банка каде се чувале државните резерви во странски валути.

Ноќта помеѓу 17 и 18 март 2003 година во 4 часот изутрина три камиони се паркирале пред банката.Со часови траело префрлањето на маталните кутии полни со пари. На крајот сметката покажала дека се изнесени 900 милиони долари и 100 милиони евра.

.