Обединети нации може да немаат доволно средства за исплата на плати на своите вработени следниот месец. Ова сценариот е можно доколку членките на ОН не ги исплатат своите долгови, предупреди главниот секретар на организацијата Антонио Гутереш.
Тој пред Одборот за буџет на Генералното собрание рече дека минатиот месец не можело да се одржи заседанието на Генералното собрание ако тој од јануари не работел на намалување на трошоците.
Овој месец ќе бидеме во најдлабокиот дефицит во деценијата. Го ризикуваме ноември без доволно пари за исплата на плати, рече Гутереш и додаде дека работата и реформите во ОН во опасност.
Буџетот на ОН за 2019 година изнесува преку 3,3 милијарди долари, а САД кои уплаќаат 22 отсто од буџетските средства, должат на ОН 381 милион долари за претходните години и 674 милиони долари за актуелниот буџет. Од буџетот на ОН се покриваат политичките и хуманитарни акции, напорите за разоружување, економските и социјалните прашања, како и комуникациите.
Официјалниот претставник на мисијата на ОН изјави дека САД ќе „го обезбеди поголемиот дел од средствата кои ги должи на овогодинешниот буџет, оваа есен, како што правел изминативе години“.
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Вашингтон сноси неправеден терет на финансирање на ОН и побара реформа во институциите.
Comments are closed for this post.