Новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, го претстави составот на новата европска влада кој треба да биде одобрен и од Европскиот парламент.

Мојата комисија ќе биде геополитичка комисија посветена на одржливите политики. И јас сакам Европската унија да биде чувар на мултилатерализмот. Затоа што знаеме дека сме посилни со тоа што правиме заедно што не можеме да правиме сами“, подвлече таа.

Во новата Европска комисија ќе има 13 жени и 14 мажи, меѓу кои осуммина досегашни еврокомесари.

Новиот тим на фон дер Лејен има осум потпретседатели, вклучувајќи го и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел. Двојна функција ќе имаат тројца потпретседатели – Франс Тимерманс, Маргрете Вестагер и Валдис Домбовскис, кои ќе бидат и комесари и потпретседатели задолжени за клучните теми од агендата на Урсула фон дер Лајен.

Потпретседателка на Комисијата ќе биде и Хрватката Дубравка Шуица, која ќе се занимава со демократија и демографија.