Силен земјотрес со интензитет од 5,2 степени по Рихтер повторно го погоди јапонскиот остров Хокаидо, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Земјотресот се случил околу девет часот изутринава, по локално време, со епицентар на југот на Хокаидо и длабочина од околу 30 метри.
Во градовите Атсума и Мукава, кои се наоѓаат во таа област, нема повредени, додека во градот Сапоро повредена е 30-годишна жена на која паднала полица врз неа.
Засега нема пријавено непосредна опасност од цунами, а компанијата за снабдување со електрична енергија соопшти дека не се забележани абнормалности во нуклеарните постројки.
Денешниот земјотрес е најсилен од серијата земјотреси што го погодија тој остров пред околу еден месец, кога настрадаа 41 лице, а 10.000 згради беа оштетени.
Поради земјотресот илјада жители и натаму се наоѓаат во прифатни центри.
Јапонската метеоролошка агенција ги предупреди граѓаните да бидат подготвени за можноста следната недела да има нови земјотреси со интензитет од 4 степени и повеќе, како и да се подготват за поројни дождови и лизгања на земјиштето поради тајфунот кој треба да го погоди тој остров в недела.
Comments are closed for this post.