Индиската престолнина Њу Делхи ќе биде затворена од понеделникот вечерта во текот на следните шест дена, поради рекордниот раст на заразените со коронавирусот и колапсот на здравствениот систем.
Во индиските болници недостигаат кревети, кислород и клучни лекови, а вкупниот број зарази надмина 15 милиони. Само САД во светот имаат погоме број заразени со коронавирусот.
Во Њу Делхи, град кој има повеќе од 20 милиони жители, достпано се памалку од стотина кревети на одделите за интензивна нега, изјави во неделата главниот министер на престолнината Арвинг Кеџривал. Индиската престолнина ќе биде затоврена во понеделникто вечерта на шест дена.
Индија во понеделникот извести за рекордни 273.810 нови зарази со коронавирусот во последните 24 часа. Починале уште 1.619 лица, најмногу досега во еден ден, или вкупно 178.769 смртни исходи од почетокот на пандемијата.
Индија до понеделникот употребила речиси 123,9 милиони дози на вакцината против Covid-19, најмногу во светот по САД и Кина,к но малку во однос на бројот на вкупното население од околу 1,4 милијарди жители.
Во Индија сѐ погласни се критиките на одоговорт од страна на владата на премиерот Нарендра Моди на вториот бран на епидемијата, откако изминатиот период верските и изборните собири минаа со учество на илјадници луѓе.
Политичките челници, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Амита Шаха, би требало да одржат нови политички митинзи во понеделникот. Опозицискиот челник во Конгресот, Рахул Ганди, кој исто така минатите седмици одржуваше предизборни собири, најави во неделата дека ги запира сите своите јавни собири во Западен Бенгал, сојузната држава која е во центарот на овие избори.
Хонгонг во неделата вечерта објави дека азискиот финансиски центар ги запира летовите од Индија, Пакистан и Филипини од вторник во следните седмици поради увезените коронаинфекции од овие земји.
Comments are closed for this post.