Северно атлантската договорна организација, НАТО, ја губи воената предност пред Русија, а редефинирањето на новата стратегија во мај беше со цел да се одговори на загриженоста во алијансата, вели генерал Џозеф Данфорд, началник на американскиот Генералштаб.
Данфорд минатата недела во Словенија се сретна со Воениот комитет на НАТО за да разговара за мисиите на алијансата во Авганистан, Ирак и на Косово како и да се направи проценка на ангажманите на планот на глобалното возвраќање, објави Спутник.
По средбата, Данфорд беше цитиран во соопштение на Пентагон каде вели дека Русија станува главен воен конкурент способна да ги подобри одбранбените способности и оти предноста на НАТО во однос на Русија еродирала.
Comments are closed for this post.