Додека го читате овој текст семејството Валтон ќе биде побогато за 70.000 долари.Оваа фамилија е најбогата во САД со заработка од минута во минута. За еден час тие заработуваат 4.2 милиони долари.

Валтон се сопственици на маркетите „Волмарт“ кои на својата сметка имаа 190 милијарди  долари. Меѓу нив најбогати се браќата Џим  и Роб чие богатство се проценува на 48,8 милијарди долари, а веднаш дп нив е нивната сестра Елис со 48 милијарди долари.

Богатството е расподелено на неколку браќа и внуци. Па така Лукас Волтон располага со 16,7 милијарди  долари, Ненси и Ен кои се ќерки на основачот имаат 6 милијарди долари, додека останатите пари ги има вдовицата на Џон Волтон.