Специјалниот обвинител Џек Смит синоќа предложи судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за наводен обид за поништување на резултатите од изборите во 2020 година да почне во јануари 2024 година.
Судијката Танја Чуткан, која ќе претседава со сослушувањето во федералниот суд во Вашингтон, рече дека датумот на судење ќе биде одреден на сослушувањето што го закажа за 28 август. Таа им даде рок на обвинителството до 10 август, а на одбраната до 17 август да ги подготви своите предлози. Во својот поднесок до судијата специјалниот обвинител предложи датум – 2 јануари 2024 година, наведувајќи дека постапката „не треба да трае повеќе од четири до шест недели“.
Дополнително, Доналд Трамп во мај 2024 година треба да одговори пред федералниот суд во Флорида на обвиненијата дека ја загрозил безбедноста на САД со чување доверливи документи по напуштањето на Белата куќа во јануари 2021 година, вклучувајќи воени планови и информации за нуклеарно оружје. во неговата резиденција во Мар-а-Лаго, Флорида
Comments are closed for this post.