Новоизбраниот премиер на Велика Британија Борис Џонсон за свој бизнис советник го назначи главниот оперативен и финансиски директор на “Sky TV“ Ендрју Грифит. Ова е едно од првите назначувања што ги направи Џонсон пред да го преземе местото на британскиот премиер.
Веста дека Грифит сега ќе работи во канцеларијата на премиерот, ја објави главниот извршен директор на “Sky News“ Џереми Дарок.
Грифит ќе има задача да ги реши односите со корпоративниот сектор пред Брегзит.
Тој стана главен финансиски директор на телевизија во 2008 година, кога Руперт Мардок беше нејзин сопственик и помогна да се создаде најголемата платена ТВ-мрежа во Европа.
Грифит, кој беше кандидат на Конзервативната партија, ја позајми својата куќа во Вестминстер за да служи како база на Џонсон во трката за премиерската позиција.
Одлуката на Џонсон за назначување на Грифит е спротивна на пристапот на премиеркат Тереза Мај во корпоративниот сектор на почетокот на нејзиниот мандат, кога се чинеше дека сака да се дистанцира од големиот бизнис.
Грифит ќе мора да изгради мостови помеѓу бизнис круговите и Џонсон, кој вели дека Велика Британија по секоја цена ќе ја напушти Европската унија до 31-ви октомври.
Comments are closed for this post.