Дваесет и едно тело, за коишто се претпоставува дека се мртви мигранти што се обиделе да стигнат во Шпанија испливале на бреговите на Средоземното море во текот на овој месец, објави Меѓународната организација за миграција, ИОМ.

Како што покажуваат податоците на оваа организација, со овие жртви бројот на настрадани во водите на Медитеранот годинава се искачил до 1.586.

Телата на девет Африканци од Субсахара се пронајдени на 4. септември на брегот во близина на Марса Бен Минди во алжирската провинција Тлемсен, на околу 200 километри од шпанскиот брег.

Следниот ден пронајдени се уште четири телата на соседната плажа Саидиа, спроти границата со Мароко, а остатоците на шест мигранти, вклучувајќи две жени едно дете се пронајдени на 10. Септември во близина на Надора во Мароко.

Тела испливуваат и на шпанскиот брег па така, на 11. септември е пронајдено женско тело на плажата Лас Салинас во Алмерија, а два дена подоцна телото на млад субсахарски Африканец било пронајдено од рибарите во близина на Алмадраба во шпанската енклава Сеута.