Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 3.500.643 лица. Од нив починале 245.048, а оздравеле 1.128.453 луѓе.

Научниците предвидуваат дека во иднина има три можни сценарија за Ковид-19: појава на епидемиски мини-бран, втор – уште поголем епидемиски бран и постојана криза, пренесе американскиот портал Стат њуз. Тие предвидувања се резултат на истражување спроведено од епидемиологот Мајкл Остерхолм и колегите од Универзитетот во Минесота. Иако тие три сценарија се разликуваат многу, тие имаат заедничко  дека не предвидуваат враќање во претходната состојба. Инфекцијата нема да исчезне затоа што луѓето не се имуни на тоа.