Молдавија е прва европска земја што прими вакцини за коронавирус од глобалната програма Ковакс, објави претседателката на таа земја, Маја Санду.
Таа на Твитер напиша дека првата транша од 14.000 дози вакцини пристигнала во Молдавија синоќа, пренесува Ројтерс.
Во Молдавија, имунизацијата започна пред три дена со вакцините „АстраЗенека“, донирани од Романија на таа земја.
Comments are closed for this post.