Џефри Епстајн, американскиот милијардер обвинет за педофилија и детска проституција, наводно е погребан во неименувана гробница покрај неговите родители, чии имиња се отстранети од надгробниот споменик со што би се спречил вандализам.

На плочата на гробот на неговите родители ИЏеј Морис на Флорида, Давидовата ѕвезда е заменета со празна плочка, пренесува британски Мирор.

Се верува дека одлуката е донесена за да се заштитат гробните места од вандали кои се згрозени од подофилските постапки на Епстајн.

Милијардерот си го одзеде животот во затвор на 10 август додека чекаше судење под обвинение дека водел група за детска проституција.

Епстајн е уапсен на 6 јули и се изјасни дека не е крив за обвиненијата за трговија со луѓе во кои биле вклучени и десетици девојки на возраст од 14 години, во периодот од 2002 до 2005 година.

Претходно има признато подведување на малолетник во 2008 година и помина 18 месеци во затвор бидејќи прифатил да ја признае вината.