Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека Европската унија ќе се придржува на договорот за Брегзит, таков каков што е сега.
Меркел, која вчера во Берлин се сретна со британската премиерка Тереза Меј, нагласи дека е посветена на „уреден“ излез на Велика Британија од ЕУ, но дека „работите се менуваат“ во Лондон.
Немаме никаква намера да го менуваме договорот за излез (Брегзит), рече Меркел, додавајќи дека се уште има време за договор, но не многу.
Лидерите на Европската Унија утре ќе објават официјално соопштение за Брегзит, откако ќе ја сослушаат британската премиерка за плановите на Велика Британија за напуштање на блокот, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Тој во писмо до останатите лидери појаснува дека Меј утре на вечера ќе разговара со 27 лидери, по што ќе ги остави да „донесат заклучок за Брегзит“.
Comments are closed for this post.