Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека протктот „Патот на свилата“ е многу важен и оти Европејците сакаат во него да играат активна улога.
„Мислам дека проектот „Патот на свилата“ е многу важен. Ние Европејците сакаме да играме активна улога и да учествуваме во тој проект. Тоа би требало да доведе до одреден реципроцитет“, рекла Меркел по состанокот со францускиот претседател Емануел Макрон, со претседателот на Народна Република Кина, Сји Ѓинпинг и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.
Изјавата е дадена пред самитот ЕУ-Кина кој ќе се одржи на 9 април во Брисел.
Средбата на лидерската четворка е настан „без преседан“ во насока на градење нов светски поредок. Француските медиуми истакнуваат дека за Европа претставува предизвик како да ги балансира врските во светлина на растечкото глобално влијание на Кина.
Comments are closed for this post.